ФУДБАЛ

Удинезе убедлив на гостувањето кај Фиорентина, Несторовски влезе во игра

Фудбалерите на Удинезе славеа против Фиорентина во одложениот натпревар од 20. коло во Серија А.

Удинезе забележа победа од 4-0.

Пабло Мари во 12. минута со гол круниса одлична соло акција. Голманот на Фиорентина не можеше да стори ништо по ударот кој отиде во левата страна од шеснаесетникот.

Гостите до вториот гол стигнаа во 36. минута. Жерар Делофеу се најде на вистинското место и одлично се снајде откако беше блокирана топката.

Следеше одличен финиш на натпреварот – гостите постигнаа два гола во продолжението.

Третиот гол на Удинезе беше постигнат во втората минута од продолжението. Валас шутираше од работ на шеснаесетникот, во гужвата пред голот некој доволно ја допре топката за да го промени нејзиното движење и таа заврши во мрежата.

Во шестата минута од продолжението Дестини Удоги доби добра топка од Макенг и ја испрати во мрежата за конечни 4-0.

Иако Фиорентина беше супериорна кога е во прашање поседот на топката, не успеа да го претвори во подобар резултат. Интересно е што домаќинот имаше еден удар во рамките на голот помалку од гостинот кој ја имаше топката во своите нозе само 26 отсто од времето.

Нашиот репрезентативец Илија Несторовски ја чекаше својата шанса на клупата, во игра влезе во 90. минута како замена за Делофеу.

Фиорентина останува седма на табелата со 56 бодови, но и два врзани порази. Удинезе сега е 11-ти со 43 бода.

ПОВРЗАНО

Серија А