ФУДБАЛ

УЕФА е чекор поблиску до револуција во Лигата на шампионите поради Јунајтед

Европската фудбалска организација размислува да дозволи клубови со ист сопственик да играат во Лигата на шампионите.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин и останатите фудбалски функционери беа наведени на „попуштање“ од ситуацијата во Манчестер Јунајтед. Главни кандидати за купување на тимот од „Олд Трафорд“ се сопствениците на ФК Ница, Сер Џим Ритклиф и Шеикот Џасим Ал Тани, првиот човек на ПСЖ.

Чеферин во разговор со Гери Невил за Јутјуб каналот на фудбалерот истакна дека не се работи само за Јунајтед, туку и за други слични сопственички ситуации.

„Не мислиме само на Јунајтед. Има уште 5-6 сопственици кои сакаат да купат друг клуб. Мора да видиме што да правиме. Две опции, ситуацијата останува како што е или ќе им дозволиме да учествуваат во истата конкуренција“, вели Чеферин.

Словенецот на чело на УЕФА тврди дека пред се мора да ги спроведат сегашните и да постават нови строги правила и закони, доколку се воведат.

„Од оваа гледна точка, се чини дека во случај на меѓусебен дуел во тоа натпреварување, сопственикот може да нареди еден клуб да загуби поради другиот клуб. Но, од кој тренер може мирно да се побара да го загуби натпреварот намерно. “, додаде Чеферин.