Европската фудбалска унија (УЕФА) ја казни англиската репрезентација со еден натпревар пред празни трибини поради немирите на Вембли во финалето на Европското првенство.
Еден натпревар без публика, а другиот условно две години, тоа е всушност целосната казна што УЕФА ја изрече на Фудбалскиот сојуз.
УЕФА објасни дека дисциплинската постапка била поведена поради недисциплина на и околу стадионот на финалниот натпревар на ЕВРО 2020 во кој се сретнале Англија и Италија.
„Иако сме разочарани од казната, јасно ни е зошто е одредена“, коментираат од Фудбалскиот сојуз.
„Го осудуваме грдото однесување на поединците кои ги посрамотија сите присутни на Вембли во финалето на ЕУРО и длабоко жалиме што има луѓе кои не можеа да влезат на стадионот поради тоа“ , се додава во соопштението на ФА.
„Ние сме решени да спречиме повторно да се случи нешто слично, затоа собравме независна комисија предводена од бароницата Кејси, која ќе известува за сите околности на случајот. Продолжуваме да работиме со надлежните органи и ги поддржуваме нивните напори на сите да водат судски постапки против одговорните“, се заклучува во соопштението на Фудбалскиот сојуз.