На видео-конференциски состанок на Извршниот комитет на УЕФА беа донесени следните одлуки поврзани со продолжувањето на европските натпреварувања:
УЕФА ЕУРО 2020
Извршниот комитет на УЕФА ги потврди 12-те градови домаќини на Европското првенство кое ќе се одржи во летото, 2021. година.
Тука може да го погледнете комплетниот распоред за Европското првенство, ЕУРО 2020.
Плеј – оф за Европските квалификации и групна фаза од Лига на Нации 2020/2021
Датумите за репрезентативни натпревари во октомври и ноември 2020. ќе се состојат од три, наместо од два натпревари со што ќе се овозможи одложените плеј-оф натпревари за Европските квалификации да бидат закажани во почетните термини од овие месеци, на 8. октомври и 12. ноември 2020.
Натпреварите од групната фаза на Лига на Нации 2020/2021 ќе бидат одиграни на следните датуми: 3/4/5 и 6/7/8 септември; 10/11 и 13/14 октомври; 14/15 и 17/18 ноември 2020.
УЕФА – Европско првенство до 21 година 2019/2021
УЕФА одобри нов формат на финалниот турнир кој ќе се подели во две фази во првично планираните места во Унгарија и Словенија кои се домаќини на финалниот турнир.
Тековните квалификации ќе бидат завршени во септември, октомври и ноември 2020. На деветте победници од групите и петте најдобро пласирани втори репрезентации ќе им се придружат Унгарија и Словенија за групна фаза од четири групи со четири селекции кои во периодот од 24. до 31. март 2021 година ќе бидат дел од завршницата во Унгарија и Словенија.
Четирите победници на групите и четирите второпласирани ќе се квалификуваат за финален турнир кој ќе се одигра по принцип на директно испаќање (1/4 финале и 1/2 финале во Унгарија и Словенија и финале во Љубљана) во периодот од 31. мај до 6. јуни 2021.
УЕФА – Европско првенство до 19 години 2019/2020
Елитната фаза ќе биде одржана помеѓу 31. август и 8. септември. Финалниот турнир ќе биде поделен во две фази. Групна фаза која ќе има две групи од четири екипи и ќе се одржи од 8. до 14. октомври во Северна Ирска. Двата победници и двете второпласирани репрезентации ќе се квалификуваат за финалниот турнир, додека двете третопласирани екипи ќе учествуваат во плеј-оф натпревари за да се одреди петтата екипа која ќе се квалификува на ФИФА Светскиот куп до 20 години.
Финалниот турнир ќе се одигра во Северна Ирска помеѓу 9. И 18 ноември.