УЕФА ги одреди службените лица за натпреварот на Вардар во четврток против Реал Сосиедад во Сан Себастијан.
Главен судија на натпреварот ќе биде австрискиот арбитар 44-годишниот Роберт Шергенхофер. Негови помошници ќе бидат Маркус Гутчи и Роланд Ридел. Дополнителни асистенти Мануел Шуетенгрубер и Рене Ајзнер. Четврти судија ќе биде Андреас Витчниг.
Шергенхофер за прв пат ќе ја дели правдата на еден натпревар на Вардар, и воопшто на еден македонски тим во настапите во Европа, а суди на меѓународни натпревари од 2008 година. Овој судија до сега три пати има судено на македонскиот национален тим, и не носи среќа затоа што нашата селекција има забележано три порази. Тој судеше на натпреварите Шпанија – Македонија 4:0, Ерменија – Македонија 4:1 и пријателскиот натпревар Македонија – Камерун 0:2.
Натпреварот Реал Сосиедад – Вардар се игра во четврток (02.11.2017 година) во 21:05 часот по македонско време на стадионот „Аноета“ во Сан Себастијан.