ФУДБАЛ

УЕФА го исфрли Канте од минатогодишниот идеален состав само за да го вметне Кристијано Роналдо

Секоја година, УЕФА традиционално го објавува најдобриот тим за претходната година, и така беше и овој пат.

УЕФА ја објави идеалната постава за 2019 година, што предизвика доста бура поради Кристијано Роналдо. „Дејли меил“ тврди дека Роналдо воопшто не бил избран во најдобриот тим и дека подоцна бил регрутиран.

Традиционално, УЕФА го објавува најдобриот тим во годината во формација 4-3-3 и вака требаше да биде годинава. Но, во последната минута се случи промена и на сите им беше чудно што формацијата беше 4-2-4.

Но, „Дејли меил“ откри дека сето тоа е поради тоа што Роналдо кој некако на сила беше вметнат во тимот. Во екипата на годината требаше да биде Н’Голо Канте и тогаш формацијата ќе беше 4-3-3, но кога беше вметнат Роналдо, сè се смени.

Канте минатата година ја освои Лигата на Европа со Челси, и се чини дека тој заслужуваше место на тимот на годината, но УЕФА не можеше да дозволи во овој состав да недостасува Роналдо, кој не играше толку добро во годината зад нас. На крајот, само Френки де Јонг и Кевин де Брујн останаа во средниот ред.