Хајдук сезонава се „сопна“ на првото скалило во Европа. По два натпревари од третото прелиминарно коло на Конференциската лига, тој беше исфрлен од ПАОК. Мечот во Сплит заврши без голови, а во Солун Грците го казнија непрецизниот тим на Хајдук и го декласираа со 3:0. Сега пристигна и казн од УЕФА.
И покрај апелите на Хајдук, на мечот имаше многу пиротехнички средства за што клубот е казнет со 28.000 евра, а поради блокирани премини на трибините добија и дополнителни 14.000 евра. Вкупната казна е 42 илјади евра.
