ФУДБАЛ

УЕФА го „комплетира“ патувањето на Рома во Шпанија

УЕФА е исклучително влијателна организација, чии барања се исполнети во повеќето случаи.

Шпанија воведе забрана за летови кон Италија вчера, со што го доведе во прашање натпреварот на Лигата на Европа меѓу Севиља и Рома.

Сепак, откако УЕФА испрати барање за „укинување на ембаргото“, на експедицијата на Рома му беше дозволено да патува во Андалузија.

Играчите, стручниот персонал и ограничен број претставници на римскиот клуб, ќе заминат за Севиља со чартер лет од аеродромот Фимичињо во 15 часот.

Пред тоа, Пауло Фонсека ќе тренира со своите избраници зад затворени врати поради епидемијата на коронавирус во Италија.