ФУДБАЛ

УЕФА го менува правилото за голо во гости

Европската фудбалска федерација (УЕФА) најверојатно ќе го смени правилото во однос на головите во гости во петок, но само еден негов дел.

Со години важеше правилото, според кое, во случај на ист број голови на двомеч, тимот што постигна повеќе голови надвор од дома оди понатаму.

Сепак, од следната сезона, ова правило треба да се промени во натпреварувањата на УЕФА, но само кога станува збор за продолженија.

На состанокот закажан за во петок, УЕФА веројатно ќе донесе одлука дека правилото за повеќе голови во гости повеќе нема да важи во продолженијата.

Ова ќе значи дека гостинските екипи веќе нема да имаат голема предност ако постигнат гол во продолжението, бидејќи правилото за гости ќе важи само за „регуларните“ 90 минути од натпреварот.

На тој начин, екипите ќе се изедначат во шансите во продолжението, а голот на гостинот повеќе нема да важи двапати како сега.

Тренери низ Европа предложија целосно укинување на правилото за гостински голови, но засега УЕФА не ја даде потребната поддршка за такво нешто.

Челниците на Европската куќа на фудбалот сметаат дека засега е доволно да се промени ова правило, но нема сомнение дека ќе има многу дискусии за дополнителни промени во иднина.

Голем број врвни експерти сметаат дека би било најдобро целосно да се укине правилото. Сепак, УЕФА очигледно не го дели истото мислење, но притисокот е голем и ќе видиме какви одлуки ќе бидат донесени во наредниот период.