ФУДБАЛ

УЕФА го одреди последниот датум: ЛШ би можела да се игра во досега незамислен термин

Откако го одложи Европското првенство, УЕФА не размислува да ја одложи Лигата на шампионите и Лигата на Европа, бидејќи тоа ќе биде голем финансиски удар за европската фудбалска организација.

Целта е да се спасат сите првенства, но и да се играат Лигата на шампионите и Лигата на Европа до крај, поради што елитното клупско натпреварување би можело да се игра во незамисливо време.

Преостанатите натпревари во првенствата и куп натпреварите, Лигата на шампионите и Лигата на Европа мора да бидат комплетирани во мај и јуни, па УЕФА размислува за Лигата на шампионите и Лигата на Европа да се играат в недела, додека првенствата би се играле во работните денови со забрзано темпо.

Најзагрозена е Италија каде мора да се играат 12 кола во Серија А плус заостанатите натпревари, а Бундеслигата и Премиер лигата имаат по девет кола.

Целта на УЕФА е финалето на Лигата на Европа да се одржи на 24 јуни во Гдањск, а Лигата на шампионите три дена подоцна во Истанбул. „Gazzetta dello Sport“ пишува дека алтернативите се веќе одредени.

Планот Б за одигрување на финалните натпревари се лондонски Вембли и римски Олимпико. Станува забор за стадионите каде што требаше да се играат натпреварите од Европското првенство.

Најоптимистичкиот датум за „рестарт“ на првенствата е 14. април, што значи дека би имало 10 слободни викенди и 9 слободни среда за да се заврши сезоната. Ако фудбалот започне на 5 мај, тогаш веројатно ќе игра „Фајнал-Фор“ за освојувач на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

ПОВРЗАНО

Премиер ЛигаСерија АБундеслига