Финалето во Лигата на шампионите треба да се одигра на 10 јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, но постои можност натпреварот да се пресели во друг град.
Причината е што УЕФА е загрижена за потенцијалните граѓански немири поради претседателските избори во Турција. Првиот круг од изборите ќе се одржи во недела, додека вториот круг е закажан за почетокот на јуни. Португалските медиуми објавија дека УЕФА веќе стапила во контакт со португалскиот фудбалски сојуз и ги известила дека постои можност финалето да се игра во Лисабон.
Да потсетиме дека во првите полуфинални натпревари Реал и Сити одиграа 1:1, а Интер победи со 2:0 против Милан.
