ФУДБАЛ

УЕФА ја очекува многу работа: Што ќе биде со клубовите од Украина?

Руската инвазија на Украина е водечка вест во светот.

Многу спортисти испраќаат пораки за поддршка за Украина, некои длабоко ги осудуваат нападите на Русија, а ќе има работа и за УЕФА.

Украинските првенства се прекинати и сезоните нема да продолжат како што стојат работите, без разлика дали ќе има примирје во наредните денови.

Според моменталната ситуација на табелата во Премиер лигата на Украина, лидер е Шахтјор со 47 бодови по 18 кола, Динамо Киев има 45, Днипро-1 собра 40 бодови, Зорја 36, Ворскла 33 и според сегашната табела овие се пет клуба кои би ја претставувале Украина во следната сезона од европските натпреварувања.

Украинците сезонава останаа без клубови во нокаут фазата, а УЕФА сега ќе треба да донесе одлука за следната сезона.

Една од опциите е официјализирање на актуелниот шампионат, завршување на лигата, а постои и опција клубовите следната сезона да играат европски натпревари на неутрални терени.

Во случај украинските клубови да не бидат дел од европските натпреварувања следната сезона, тоа дополнително ќе го наруши системот во квалификациите, но и во табелата со национални коефициенти.

Секако, моменталната ситуација во Украина ги стави спортот и фудбалот во втор план и овие работи во моментов не се разгледуваат, но УЕФА ќе мора да се активира и да ги донесе најдобрите одлуки со Фудбалскиот сојуз на Украина во моментов.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига