ФУДБАЛ

УЕФА ја сака Русија, но нема да ја укине суспензијата!

Извршниот комитет на Руската фудбалска федерација денеска ќе ја разгледа можноста од УЕФА да премине во Азиската федерација (АФЦ).

Како што е веќе познато, УЕФА им забрани на руските клубови и репрезентации да учествуваат во нејзините натпреварувања, па Русите ја загубија можноста да играат на Светското првенство и Европското првенство.

Сепак, европската куќа на фудбалот не сака да ја загуби Русија во своите рамки и да и ја „препушти“ на Азија. Ова денеска го потврди рускиот „Шампионат“.

„Без оглед на моменталната ситуација, УЕФА не сака Русија да го повлече своето членство. Таа е подготвена, штом геополитичката ситуација дозволи, повторно да го внесе рускиот фудбал во својата бразда. Би било сериозен удар за УЕФА доколку Русија се повлече.“ , пишуваат Русите.

Одлуката е на Русија, а УЕФА сигурно нема толку брзо да им ја укине суспензијата.