ФУДБАЛ

УЕФА јасна: Многу тестирања, минимален контакт и без излегувања

Лигата на шампионите ќе продолжи во петок, додека натпреварите од Европската лига веќе се играат денес и утре.

УЕФА објави многу строги протоколи за завршниот турнир на овие две клупски натпреварувања, а тие се засноваат на многу голем број тестови.

Сите играчи, како и членовите на стручниот штаб, ќе бидат тестирани за коронавирус два дена пред првиот натпревар.

Тие потоа ќе се тестираат денот пред секој натпревар во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а резултатите мора да бидат подготвени најмалку шест часа пред почетокот на натпреварот.

Ниту еден од играчите или членовите на стручниот персонал не смее да го напушти хотелот, освен ако претходно не е договорено и под посебни услови.

Не треба да се остварува контакт со некој кој не е дел од тимот, со цел да се намали можноста за заразување на кој било играч.

Финалниот турнир од Лигата на шампионите се игра во Португалија, додека завршниот турнир на Лига Европа ќе се игра во Германија.

ПОВРЗАНО

Лига Европа