ФУДБАЛ

УЕФА номинираше тројца за најдобар играч во Европа

Европската фудбалска федерација (УЕФА) номинираше тројца фудбалери во изборот за најдобар во минатата сезона.

Роберт Левандовски, Мануел Нојер (Баерн) и Кевин де Брујн (Манчестер Сити) беа избрани за најдобри фудбалери на Стариот континент.

Голем фаворит за освојување на наградата е напаѓачот на Баерн, Левандовски. Да се доделуваше Златната топка оваа година и таму би бил број еден, но сигурно е дека тој би можел да го земе трофејот ФИФА за најдобар во светот.

Првата награда наскоро може да биде во негови раце, баш таа за најдобар во Европа.

Ханси Флик (Баерн), Јирген Клоп (Ливерпул) и Јијан Нагелсман (РБ Лајпциг) беа избрани за најдобри тренери во сезоната.

Фаворит е секако Ханси Флик кој со Баерн освои се што можеше минатата сезона.