Европската фудбалска федерација (УЕФА) има намера да го смени системот на натпреварување во Лигата на шампионите.
Kуќата на европскиот фудбал има намера да се бори против планираната европска Супер лига, па најавени се промени во Лигата на шампионите од сезоната 2024/2025.
Според планот на УЕФА, кој го откри угледниот Тајмс, бројот на клубови ќе се зголеми од 32 на 36, а ќе се создадат шест групи со по шест екипи.
Двете најдобри екипи од секоја, плус четирите најдобри третопласирани, би оствариле пласман во нокаут-фазата од натпреварувањето и нема да има ждрепка за осминафиналето, но екипите ќе бидат рангирани според освоените бодови во групата.
Така, најдобриот тим во однос на бодовите од групната фаза би играл против екипа која има 16, втора против 15-та и на тој начин ќе се обиде да се избегне тимовите да не играат игри сериозно, како што е случајот сега по квалификациите за нокаут фазата.
Исто така, се планира екипите од 17-то до 24-то место да се пласираат во Европската лига, а секако е интересно што екипите што ќе остварат пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите, автоматски би обезбедија пласман во групната фаза од натпреварувањето за следната сезона.
Европската клупска асоцијација (ЕЦА) го поддржа овој предлог на УЕФА, а како што се зголемува бројот на натпревари во Лигата на шампионите, се предлага најголемите европски лиги да го намалат бројот на клубови од 20 на 18.
Идејата е секако интересна и ќе видиме дали ќе заживее.