Одржана е итна седница на Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА).
Иако УЕФА упати голем број закани до клубовите кои ги изневерија и решија да прифатат покана за посебната лига наречена Европска супер лига, сепак немаше санкции.
Реал Мадрид и Јувентус беа најзагрижени дека УЕФА ќе одлучи да ги суспендира од европските натпреварувања во новата сезона, дури имаше закани дека сите оние кои се согласија да играат во Суперлигата ќе бидат елиминирани од финалето на Лигата на шампионите оваа сезона, но на крајот тоа не се случи.
Покрај Реал и Јувентус, УЕФА требаше да ги казини и Барселона, Атлетико, Милан, Интер, Манчестер Јунајтед и Сити, Арсенал, Тотенхем, Челзи и Ливерпул. Освен што не беа казнети со суспензии, тие не добија ниту парични казни.
УЕФА не презеде ништо против споменатите тимови, но тие секако се задоволни од фактот што се распадна проектот Суперлига.