УЕФА соопшти дека на стадионите во иднина може да присуствува публика, но 30 отсто од вкупниот капацитет на одреден стадион. Со оглед на тоа дека се ближат натпреварите од ЛШ и ЛЕ, навивачите на Црвена Звезда се понадеваа дека ќе можат во живот да го следат мечот со Милан кој на програмата е на 18-ти февруари.
Сепак, набрзо потоа стигна разочарување од страна на здравствените власи во Србија. Имено, членот на Кризниот штаб во борба против пандемијата, доктор Предраг Кон изјави дека такво нешто не е реално. Тој вели дека публика на стадионите нема да има додека не одлучи Кризниот штаб.
-Ќе видиме. Не е реално, изјавил кусо за српските медиуми доктор Кон.
Доколку биде навистина дозволено да има публика, тоа би значело дека според правилата до 30 отсто од капацитетот на стадионот, дуелот Црвена Звезда – Милан би можеле да го следат преку 16 илјади навивачи.