УЕФА денеска ги објави казните за 4. и 5. коло во европските натпреварувања, а најлошо беше загрепски Динамо.
Казните за бакли се строги, но навивачите не сакаат да се откажат, но ниту УЕФА.
Така Динамо поради навивачите е казнет со 49.750 евра за мечот со Рапид, а за фрлање предмети на теренот уште 33.000 евра.
Навивачите и претходно носеа бакли и вметнуваа други пиротехнички средства на натпреварите на Динамо, па хрватскиот шампион е казнет со 31.250 евра за мечот со Генк, а 2.750 евра за дуелот со Вест Хем.
Динамо отиде во плеј-офот на Европската лига и одлично ќе заработи, но сигурно ќе биде разочаран од ’честитките’ од УЕФА.
Динамо во плеј-офот игра со шпанска Севиља.