ФУДБАЛ

Угледните весници се збогуваа со Марадона на свој начин: Бог е мртов!

Угледниот француски весник Л’Екип му оддаде почит на Диего Марадона на свој начин.

Легендата на светскиот фудбал почина на 60-годишна возраст од срцев удар, а се очекува почитуваните весници да се збогуваат на свој начин.

Л’Екип денес го стави Марадона на насловната страница со краток наслов:

“Бог е мртов.”

Истото го стори и шпанскиот весник АС, кој исто така го спореди Марадона со Бог.