ФУДБАЛ

Ултрасите на Динамо Загреб направиле хаос во Милано, уапсени 14 навивачи

Милан и Динамо Загреб ќе го започнат натпреварот на Сан Сиро од 18:45 часот, а воведот во овој натпревар не е нималку убав.

Како што пренесува Gazzetta dello Sport, ултрасите на Динамо веќе направиле хаос во Милано. Ножеви, димни бомби и палки биле земени од група навивачи во контролите пред натпреварот со Милан од Лигата на шампионите.

Сè резултираше со апсење на 14 навивачи на Динамо, кај кои беа пронајдени горенаведените предмети. Италијанската полиција на тој начин спречи евентуални полоши немири и инциденти.

Да потсетиме, „росонерите“ ремизираа на првото гостување кај Салцбург, додека „сините“ изненадувачки водат во групата благодарение на домашната победа против Челзи.