Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити ја донесе конечната одлука.
Овој дефанзивец е поврзан со голем број клубови како Арсенал, Манчестер Јунајтед, Јувентус, но на крајот сигурно е дека ќе остане на „Кам Ноу“.
Покрај тоа, францускиот репрезентативец вечерва го потврди тоа, велејќи дека ќе го носи дресот на Барселона следната сезона.
„Имам договор, се чувствувам среќен во Барселона, имав комплицирана сезона, но тоа не е причина зошто би имал други соништа, ќе бидам во Барселона и следната сезона“, рече Умтити.
Умтити пристигна во Барселона од Лион за 30 милиони евра во 2016 година, но беше погоден со повреди во текот на изминатата година.
Тој играше вкупно 93 натпревари за Барселона и постигна два гола, а оваа сезона играше многу малку поради повредата.