Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити, ја остави отворена можноста за враќање во Олимпик Лион.
Французинот играше во Лион пред да се пресели во Барселона, но неговата кариера на „Камп Ноу“ не мина како што се очекуваше, како резултат на повредите.
Играчот неодамна покажа планови за својата иднина, и не ја затвори можноста да се врати во неговиот поранешен тим.
„Би сакал да бидам тренер. Забележувам од оние со кои работев, тренинзите и што прават тие“, рече првично Умтити.
„Враќањето во Лион е можност, како играч или како тренер“, додаде Французинот.
Умтити оваа сезона има регистрирано само три настапи, но се надева дека ќе има повеќе минутажа.