Францускиот дефанзивец Самуел Умтити одби да ја напушти Барселона ова лето.
Каталонскиот клуб со сите сили се обиде да се ослободи од Умтити, кому му беше понудено дури и договорено прекинување на соработката за да може да најде нов клуб без надомест, но тој одби.
Умтити е решен да остане во Барселона и да се бори за место во тимот, но јасно е дека ќе му биде многу тешко бидејќи Роналд Куман го отпиша уште порано.
Барселона доби неколку понуди за Умтити кои тој ги одби, а тоа ги налути навивачите кои го исвиркаа во прелиминарните натпревари во кои играше пред почетокот на сезоната.
По започнувањето на сезоната, Умтити „ја загрева клупата“ и Куман уште еднаш му кажа да не смета на него.
Шпанските медиуми утрово објавија дека Умтити не се појавил ниту на утринскиот тренинг, поради прилично неверојатна причина.
Тој му кажа на клубот дека нема да дојде на тренинзи бидејќи се чувствува уморен и дека не станува збор за повреда. На многумина не им е јасно зошто е уморен бидејќи воопшто не играше оваа сезона.
Сепак, се чини дека Умтити го „стигна“ се она што се случи околу неговото заминување од клубот, и дека падна психички, поради што утрово не се појави на тренинг.
Очигледно е дека сега му е јасно дека воопшто нема да добие шанса да игра со Куман, без оглед на тоа што целосно се подготвува за оваа сезона за време на летната пауза.