ФУДБАЛ

Унаи Емери експресно се враќа во Премиер лигата

Шпанскиот стручњак Унаи Емери неодамна беше отпуштен од клупата на Арсенал поради серија лоши резултати.

Топџиите не играат многу добро оваа сезона и во моментов се наоѓаат на 11-то место во Премиер лигата. По низата лоши резултати, челниците на клубот решија да му дадат оставка на Емери, а неговото место го зазеде Фреди Љунберг.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека Емери би можел експресно да се врати на тренерската работа повторно како клупски тренер од Премиер лигата. „Телеграф“ утрово објави дека Емери бил контактиран од челниците на Евертон и му бил понуден договор.

Евертон се без тренер уште од минатата недела кога беше отпуштен Марко Силва, а се чини дека Емери е прва желба. Наводно, челниците на клубот од „Гудисон“ веќе контактирале со шпанскиот стручњак и сега чекаат на неговиот одговор.

Емери треба да потпише договор до летото 2021 година, но сè уште не им кажа на челниците на Евертон што одлучил.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига