ФУДБАЛ

Унаи Емери го купи култниот шпански клуб

Еден од култните шпански тимови Реал Унион доби нов сопственик.

Унион не играше во првата лига од 1932 година, но сепак е една од култните екипи во Шпанија.

Клубот моментално е во Сегунда Б, трето ниво на шпанскиот фудбал и потекнува од баскискиот град Ирун.

Унаи Емери го купи клубот за кој играа неговите татко и дедо, кои беа голмани.

Емери, за разлика од неговиот татко и дедо, има успешна тренерска кариера и ги предводеше Алмерија, Валенсија, Севилја, Арсенал и сега работи добро во Виљареал.