Англиските медиуми вчера објавија дека Унаи Емери е главен кандидат за нов тренер на Њукасл.
Медиумите на Островот вчера објавија дека челниците на англискиот клуб стапиле во контакт со Емери и му понудиле работа во Њукасл, што тој наводно го прифатил иако има договор со Виљареал.
Најавено е дека Емери ќе го раскине договорот со Жолтата подморница, но дека шпанскиот клуб ќе добие околу шест милиони евра обештетување од Њукасл.
Но, на оваа тема се огласи и Емери по синоќешниот натпревар против Јанг Бојс, кој сето ова го демантираше и изјави дека нема намера да го преземе клубот од Њукасл и да го напушти Виљареал.
„Точно е дека покажаа интерес да ме доведат и бевме во контакт, но јас им реков не. Тука завршува целата приказна“, изјави Емери по синоќешниот натпревар.
Емери има договор со Виљареал до летото 2023 година, а ќе биде интересно да се види дали ќе се премисли во наредните недели бидејќи ова не би било првпат во неговата тренерска кариера.