ФУДБАЛ

Унион Берлин ги понижи Шалке, Лајпциг и Борусија Дортмунд до рутински победи

Се одиграа пет натпревари од Бундеслигата, а беа забележани неколку многу интересни резултати.

Фаворитите главно си ја завршија работата, но не беше баш така лесно како што се очекуваше.

Имено, екипата на Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Херта, но беше многу потешко од очекуваното. Гол вреден три бода постигна Модесте во 32. минута од натпреварот.

Хофенхајм беше апсолутен фаворит против Аугсбург на својот стадион, но оствари само минимална победа.

Иако домашните напаѓаа во текот на целиот натпревар, единствениот гол беше виден во првото полувреме, во 39. минута, а стрелец беше Гајгер.

Баер Леверкузен оствари убедлива победа на гости кај Мајнц со двајца играчи помалку.

 

Сите три гола беа постигнати во првото полувреме, а стрелци беа Паласиос во 29. минута и Фримпонг во 39. и 41. минута.

До крајот на натпреварот гостите во 77-та и 94-та минута беа во негатива од два играчи, но тоа не ги спречи да победат.

Лајпциг победи со 2:0 против Волфсбург на домашен терен. Нкунку во 5. минута постигна гол за водство, а победата ја потврди истиот играч во 90. минута.

Унион Берлин го понижи Шалке на свој терен. Имено, гостите славеа со 1:6. Торсби постигна гол во 6. минута за 0:1.

Сепак, во 31. минута Бултер ги враќа работите на почеток, а само пет минути подоцна Бекер постигна гол за 1:2. Во судиското продолжение гостите преку Хаберер постигнаа и трет гол.
Во вториот дел уште три гостински гола, а стрелци беа Бекер во 46. и Мишел во 87. и 90. минута.

 

ПОВРЗАНО

Бундеслига