Фудбалерот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано ќе отсуствува од терените неколку недели поради повреда на левата тетива, соопшти германскиот клуб.
Баерн изјави дека снимките го утврдиле степенот на повредата, поради која Упамекано морал да го напушти теренот на крајот од натпреварот против Фрајбург (3:0) во неделата.
Францускиот дефанзивец речиси сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Мајнц, Галатасарај, Дармштад и Сарбрикен, а би можел да биде подготвен и за мечот против Борусија Дортмунд во Бундеслигата на 4 ноември.
Во соопштението на шампионот на Германија се наведува дека Матијас де Лихт, кој поради повреда на коленото паузира од почетокот на септември, почнал да тренира во вторник.
Неговиот соиграч Серж Гнабри, кој ја скрши раката на 26 септември на куп-натпревар против Преусен Минстер, почна да трча на тренинг носејќи гипс на раката.
Паузи на првенствата има поради натпреварите на репрезентациите во квалификациите за ЕП во 2024 година, а Баерн ќе го продолжи натпреварувањето во Бундес лигата на 21 октомври против Мајнц.
