Манчестер Јунајтед се уште му верува на Жозе Мурињо, а Лигата на шампионите е единственото спасување за Португалецот.
Не, управата на Јунајтед на Мурињо освојување на Лигата на шампионите не му го постави како ултиматум, бидејќи би било навистина големо очекување од овој тим, но важно е да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.
По досега виденото, Јунајтед дури не изгледа како тим кој ќе заврши на една од првите четири позиции, а пласманот во Лигата на шампионите не е реална и не е лесна цел за играчите на Жозе Мурињо.
Јасно е дека нема ништо од борбата за титулата, сега е само прашање дали „Црвените Ѓаволи“ можат да избегнат трагедија, а тоа ќе биде ако не завршат во првите четири.
Мурињо клубот го водеше до трофејот на Лига Европа и така добија пласман во Лигата на шампионите, а сега единствената шанса е пласман преку Премиер Лигата.
„The Sun“ тврди дека Мурињо ќе биде отпуштен ако Јунајтед следната сезона не е во Лигата на шампионите, а како можен наследник првенствено се споменува Маурицио Почетино, менаџер на Тотенхем.