ФУДБАЛ

Урнебесеn коментар за доаѓањето на Мурињо во Подгорица

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, го следеше дуелот на Црна Гора и Србија.

Не е познато зошто Мурињо дојде на овој натпревар, но тој ќе биде во можност да се пофали дека сведочеше за историскиот судир на држави, кои што повеќе од една деценија беа една земја. Ако тоа воопшто му е битно тоа.

Мурињо веќе некое време е мета на критики поради досадниот и лош фудбал, кој го игра Манчестер Јунајтед, па неговата посета на главниот град на Црна Гора предизвика некои смешни коментари од кои еден се издвојува.

“Мурињо дојде да се види дали некој може да игра полош фудбал од неговиот”, беше една од пораките на социјалните мрежи.

Жозе Мурињо од стадионот, веројатно излезе разочаран, бидејќи не уживаат во кој знае каков фудбал, но прашање е колку се задоволен од играчот (играчите), кој дојде да ги гледа.