Ливерпул синоќа на „Енфилд“ го победи Арсенал со 3:1 во дербито од третото коло на англискиот шампионат.
Арсенал успеа да поведе со 1:0 синоќа кога голот го постигна Лаказет, но до крајот на играта „црвените“ дојдоа до пресврт и сигурна победа.
Синоќешниот натпревар, сепак, го одбележа главниот судија Крег Поусон. Видеото на Поусон стана вирално откако покажа колку е разочаран откако Лаказет пропушти една шанса за „топџиите“.
41-годишниот судија стана хит на социјалните мрежи поради неговата реакција, а многумина веруваат дека тој покажа дека е навивач на Арсенал.
The referee, Craig pawson had lacazette captained on fpl,
He was disappointed he missed 😂
Check his reaction pic.twitter.com/r6wzxasW48— MJ 🧗🏾♂️𓅓 (@JiddumSzn) September 29, 2020