Златан Ибрахимовиќ верува дека тимот во кој настапува во моментов, Милан може да стигне до шампионската титула. На прашањето кој ќе биде шампион оваа сезона во Серие А, одговорил.
-Кој ќе го освои скудетото? За кој клуб игра Златан? За Милан, епа одговорот е Милан, изјавил Ибрахимовиќ.
Тон се уште се опоравува од повредата, но се надева дека наскоро ќе се врати на теренот. Вели дека се чувствува добро, дека се чувствува млад и дека може уште да игра на високо ниво. Милан игра добро засега, втори се на табелата со два бода помалку од лидерот Наполи кој има максимални 21 бод од 7 меча.