Урнебесно, погледнете како Катарците се потсмеваат со елиминацијата на Германија (ВИДЕО)

Written by

in

Германија доживеа елиминација на СП во Катар. Ја совладаа Костарика со 4:2 во третото коло, но сепак Јапонија победи против Шпанија, па тоа не беше доволно за осминафинале. На социјалните мрежи се појави видео од една катарска телевизија наменета за Светското првенство. Нивниот коментар за елиминацијата на Германија доволно говори.

А, ваквата нивна реакција е поради потегот на германските фудбалери на нивниот прв меч на СП против Јапонија (1:2) на групната фотографија, со рака да ги покријат устите, во знак на протест на забраната на ФИФА и воедно земјата домаќин, капитените на репрезентациите да носат капитенски ленти во боите на виножитото како поддршка за ЛГБТ популацијата.