Манчестер Јунајтед пред неколку дена потврди дека Ралф Рангник летово ќе биде заменет со Ерик тен Хаг, актуелниот тренер на Ајакс.
Англиските новинари се интересираа дали германскиот стручњак ќе им предложи на Хари Мегваер да остане капитен на „црвените ѓаволи“.
Тој би требало да ги пропушти последните четири натпревари од сезоната поради повреда на коленото, што значи дека Кристијано Роналдо или Бруно Фернандеш вечерва ќе го предводат тимот против Челзи.
Запрашан дали би му препорачал на Мегваер на новиот шеф Ерик Тен Хаг, Рангник рече:
„Го разбирам твоето прашање, но повторно нема смисла затоа што не знаеме какви ќе бидат играчите овде, како ќе изгледа групата. Можам само да ти кажам што правев во минатото кога бев селектор или менаџер затоа што во Германија се вика „Mannschaftskapitan“ – капитенски тимови“, рече Рангник и продолжи:
„Цврсто верувам дека капитенот треба да биде избран од тимот затоа што тој се нарекува тим менаџер и ние секогаш го правевме тоа, секогаш имавме тебела од четири или пет играчи“.
„Фудбалерот со најмногу гласови на крајот беше капитен на тимот. Така го направив тоа. Знам дека многу тренери не го прават тоа така. Јас би го направил тоа ако бидам менаџер следната сезона, но јас нема да бидам. Тоа е нешто за што ќе се зборува. Ерик треба да одлучи“, заклучи Рангник.
Тоа е систем за кој Рангник вели дека се користи во неговата родна Германија, усвоен и од Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и од Микел Артета во Арсенал.