ФУДБАЛ

Уште еден Бразилец на „Емирати“: Арсенал претстави ново засилување!

Арсенал денес конечно го потврди трансферот на Габриел Магалхаес (22) од Лил.

Дефанзивецот беше платен околу 28 милиони евра на францускиот клуб, а тој потпиша петгодишен договор со Арсенал.

Габриел стана второто засилување на Арсенал во овој преоден рок откако неговиот сонародник (Бразилецот) Вилијан пристигна на Емирати – кој стана слободен агент откако му истече договорот со Челзи.

Новиот играч на Арсенал во моментов е во задолжителен карантин за сите што доаѓаат во Обединетото Кралство од Франција и дури откако ќе го помине карантинот ќе може да им се придружи на своите нови соиграчи.

“Воодушевени сме што го доведовме Габриел. Тој е играч кој долго време го проучуваме и кој е баран меѓу многу клубови, затоа сме горди што успеавме да го договориме и комплетираме трансферот со Лил и играчот”, изјави техничкиот директор на Арсенал, Еду.