Арсенал би можел да донесе уште еден дефанзивец до крајот на преодниот рок.
Откако вчера го доведе Пабло Мари од Фламенго на позајмица за остатокот од сезоната, нов член би можел да стане денсиот бек на Саутемптон, Седрик Соарес.
Клубовите се согласија да го позајмат Соарес до крајот на сезоната и сè треба да стане официјално многу брзо.
Соарес стана член на „Светците“ во 2015 година, тој е стандарден член на првата постава, а интересно е што беше на позајмица минатата година во Интер кој не сакаше да го купи договорот на крајот од сезоната.
Португалскиот дефанзивец има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и има постигнато еден гол и асистенција.