Прволигашот Шкупи денеска официјално го претстави најновото засилување за клубот. Станув збор за Мариано Ондо, кој доаѓа од Екваторијална Гвинеја.
Ондо има 19 години а може да игра како бек или крилен фудбалер.
Тој ги стартуваше тренинзите со екипата од Чаир, која со големи амбиции влегува во завршницата од шампионатот во Македонија.