ФУДБАЛ

Уште еден играч на Јувентус сакаше да го напушти Торино, но не успеа

Неколку играчи на Јувентус успеаја да го напуштат Торино минатата недела и да заминат кај своите семејства.

Гонзало Игуаин прв го стори тоа за да ја посети својата сериозно болна мајка во Аргентина, а потоа Миралем Пјаниќ и Сами Кедира добија дозвола по тестирањето.

За време на викендот, Даглас Коста отпатува од Торино. Дефанзивецот Данило се обиде да го напушти главниот град на регионот Пиемонт, но не успеа.

Искусниот бег сакал да оди кај семејството во Бразил, но на овој план го спречил неговиот агент, кој го убедил да остане во изолација и да продолжи да тренира.

Инаку, по Даниеле Ругани и Блез Матуиди, сега и Пауло Дибала е позитивен на Ковид-19. Тестовите на останатите играчи на Старата дама се негативни и тие засега не се заразени.