Клубот од Северна Ирска, Линфилд, потврди дека има играч заразен со коронавирус во своите редови.
„Еден од нашите играчи е позитивно тестиран на коронавирус. Клубот ќе добие совети од надлежните за да ги преземе следните чекори“, се вели во изјавата на Линфилд.
Линфилд не објави кој играч е, но сигурно е дека оваа информација предизвика генерален хаос во клубот и создаде паника кај сите играчи.
Ова е само една во низата вознемирувачки вести во светскиот фудбал, и голем број натпревари низ цела Европа или се откажани или ќе се играат пред празните трибини.
Повеќето првенства се прекинуваат на неодредено време заради новата ситуација.