ФУДБАЛ

Уште еден млад Бразилец во Реал

Реал Мадрид наскоро во своите редови ќе донесе и четвртиот млад Бразилец.

Новиот член на „Кралевите“ ќе стане 19-годишниот Бразилец, Линколн, чиј трансфер Реал го договорил со Фламенго.

Така, овој талентиран напаѓач ќе стане четвртиот млад Бразилец што пристигна на „Сантијаго Бернабеу“. Претходно пристигнаа Винисиус Јуниор и Родриго, а неодамна соиграчот на Линколн, Рејнер.

Тимот од Мадрид одвои 30 милиони евра за услугите на талентираниот фудбалер, а ќе видиме како ќе се снајде овој бразилски квартет на крајот.

Сите тие се инвестиции во иднина. Тие се огромни таленти, но допрва треба да се докажат на големата сцена.