Во 24-то коло од ЛаЛига, Барселона се сопна на домашен терен против Кадиз.
Конечниот резултат гласеше 1:1.
Барса имаше повеќе од игра, но немаше реализација, а гостите имаа неколку добри прилики.
Во 32-та минута Меси ја затресе мрежата на гостите со удар од белата точка за 1:0.
Во 88-та минута шок на Камп Ноу. Беше досуден пенал за Кадиз, а Фернандез погоди за конечни 1-1. Така гостите ја казнија Барселона за промашувањата во второто полувреме.