Џејдон Санчо дефинитивно нема фудбалска иднина на „Олд Трафорд”. Кој е виновен, дали фудбалерот, дали Тен Хаг, управата, агентите… Не е ни важно. Единственото нешто што е важно и единствената вистина е дека Англичанецот не ја игра играта.
Санчо практично беше тотално исклучен од првиот тим. Нему му беше забрането да ги користи сите клупски простории, потоа продолжи да тренира со играчи од академијата, а сега следуваше бизарен потег. Санчо, како што пренесува „Сан“, бил исфрлен од групата Вокап на Манчестер Јунајтед. Бидејќи живееме во ерата на социјалните мрежи и онлајн комуникацијата, ова веројатно и не е толку мала работа.
Конфликтот меѓу Тен Хаг и Санчо ескалира кога Холанѓанецот истакна дека фудбалерот не работи напорно на тренинзите, за овој на социјалните мрежи да ги демантира овие наводи, велејќи дека неговите напори се задоволителни и дека Тен Хаг го прави жртвено јагне.
Последниот натпревар за „црвените ѓаволи“ Санчо го одигра на 26 август против Нотингем Форест, кога Јунајтед победи со 3:2.
Јунајтед пред две години во трансфер вреден 85.000.000 евра го доведе 23-годишниот крилен напаѓач со кој потпиша договор до летото 2026 година. Тој требаше да биде долгорочното решение на клубот на левата крилна позиција.