ФУДБАЛ

Уште една лига се враќа на 30 мај, еден ден подоцна се игра големо дерби

Украинската фудбалска федерација одлучи да го продолжи фудбалот на 30 мај.

После одржувањето на „онлајн“ состанокот на Извршниот одбор на локалното фудбалско здружение, постигнат е договор за продолжување на натпреварите на 30 мај со натпреварите од 24-то коло, а крајот на првенството е закажано за 19 јули.

Плеј-оф натпреварите за пласман во Лигата на Европа ќе се играат на 25 и 29 мај.

Фудбалот ќе се врати во Украина на 30 мај, а големо дерби меѓу Шахтјор и Динамо Киев нè чека на 31 мај.

Шахтјор е лидер со 59 бода, Зориа и Динамо имаат по 46 поени.