ФУДБАЛ

Уште една врата затворена за Роналдо!

Првенството во Англија ќе започне за две недели, а судбината на Кристијано Роналдо се уште не е позната.

 

Португалскиот репрезентативец имаше долг одмор за разлика од соиграчите кои отпатуваа на претсезонски турнеи во Тајланд и Австралија. Роналдо дури вчера се врати во Манчестер, за денеска да одржи разговор во тренинг центарот Карингтон.

 

Неговата желба од почетокот е да го напушти клубот и да најде таков каде што ќе има можност да игра во Лигата на шампионите, додека новиот менаџер на Јунајтед Ерик тен Хаг сака да го задржи и пред неколку дена изјави дека се надева дека Роналдо ќе остане во клубот.

Многумина беа изненадени од неодамнешната вест дека Роналдо е најблиску до преселба во Атлетико Мадрид, што е донекаде неверојатно бидејќи е лут градски ривал на долгогодишниот клуб на Роналдо, Реал.

 

И без разлика дали Роналдо би се согласил да игра за Атлетико или не, таа можност е отфрлена, а тоа е јасно по изјавата на претседателот на Атлетико, Енрике Серезо вечерва.

 

Не знам кој ја измислил приказната за Кристијано Роналдо, но практично е невозможно тој да дојде во Атлетико Мадрид“, изјави првиот човек на Јорганџи.

 

Втор фаворит за доведување на ЦР е Челзи, кој од вечерва треба да ја заземе пол-позицијата, но прашање е дали на Стемфорд Бриџ во плановите го имаат и Роналдо.