Крилниот напаѓач од редовите на ПСЖ, Лукас Моура, покрај интересот на големи клубови во Европа, ја избра екипата на Покетино, Тотенхем.
Како што пренесуваат Sky Sports и Guardian, клубовите постигнале договор и Моура ќе се пресели во Лондон во трансфер вреден 28 милиони евра.
Бразилецот веќе пристигнал во Лондон, каде се очекува да ги помине медицинските прегледи и да потпише повеќегодишен договор со Тотенхем.
За потсетување, Моура пристигна во ПСЖ пред пет години од Сао Паоло за 38 милиони ера, и во 229 настапи за тимот од Париз постигна 46 погодоци и забележа 50 асистенции.