ФУДБАЛ

Уште една ѕвезда на Јувентус позитивна на коронавирус!

По Даниеле Ругани, позитивен е и играчот од средниот ред на Јувентус, Блеиз Матуиди.

Јувентус вечерва објави дека Матуиди направил тестови кои покажале позитивност кон КОВИД-19.

„Играчот е во доброволна домашна изолација од средата 11 март. Тој ќе продолжи да биде следен по истиот режим. Тој е добро и без симптоми”, објави клубот.

Ругани беше првиот играч во Серија А кој тестираше позитивно на 11 март, а во тоа време Јуве испрати 121 свои членови во домашна изолација.

Многу фудбалери во Италија се заразени – седум од Сампдорија, тројца од Фиорентина и сега имаме двајца од Јувентус, но постои страв дека ќе се зголемат бројките бидејќи пандемијата на коронавирус не попушти во Италија.

ПОВРЗАНО

Серија А