ФУДБАЛ

Уште едно познато име на радарот на Ал Наср

Саудискиот Ал Наср, за кој од неодамна настапува Кристијано Роналдо, се насочи кон уште неколку атрактивни засилувања кои сака да ги доведе во своите редови од Европа.

Веќе е познато дека на мета на овој богат клуб се поранешните капитени на шпанската репрезентација Серхио Рамос и Серхио Бускетс, а ново име на листата со желби е Вилфред Заха, крилниот напаѓач на Кристал Палас.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска влезе во последните месеци од договорот со Кристал Палас и одби неколку понуди за продолжување на соработката.

Тој е член на лондонскиот клуб од 2015 година, а играше и за Манчестер Јунајтед и Кардиф.

Англиските медиуми пренесуваат дека за услугите на 30-годишниот фудбалер се заинтересирани Арсенал и Милан, но нивните понуди финансиски не можат да се споредат со онаа што доаѓа од Саудиска Арабија.

Останува да видиме дали за Заха ќе одлучува финансискиот или натпреварувачкиот момент?