ФУДБАЛ

Уште едно заминување од Јувентус

Јувентус полека формира тим за следната сезона.

Старата дама денеска потврди една позајмица.

20-годишниот Кони Де Винтер, младински репрезентативец на Белгија, следната сезона ќе ја помине на позајмица во Емполи.

Тимот од Тоскана побара итен откуп на договорот, но во Јувентус сакаат прво позајмица, а потоа ако двете страни се договорат за обештетување и го продадат Белгиецот чија вредност е 2,2 милиони евра.

Де Винтер ги помина сите младински категории на Белгија за кои собра вкупно 16 настапи и постигна еден гол. Тој игра на позицијата стопер.

Во Јувентус дојде во 2018 година од Зулте Варегем, а пред тоа кариерата ја започна во Лирс.