Бројката на репрезентативци кои доаѓаат од екипата на Вардар се зголемува. После тројцата фудбалери кои ќе играат за македонскиот национален тим, уште двајца играчи ќе играат за младата селекција, а сега Тигран Барсегјан, Ховханес Хамбарџумјан и Џамбул Џигуари ќе настапуваат за своите репрезентации во престојниот ФИФА термин на пријателски натпревари.
Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан ќе играат за Ерменија на пријателските натпревари на домашен терен против Белорусија и против Кипар на 9-ти, односно на 13-ти ноември. Џамбул Џиугари, пак, се најде на списокот на селекцијата на Грузија во дуелите исто така против Кипар на 10-ти и против Белорусија на 13-ти ноември.
Со тоа бројката на репрезентавци на Вардарци секојдневно се зголемува. Висар Муслиу, Бобан Николов и Дарко Велковски ќе играат за сениорската селекција на Македонија против Норвешка, Петар Петковски и Бесар Исени ќе бидат дел од младата репрезентација во мечот со Австрија, додека пет играчи на „црвено-црните“ (Методија Велковски, Филип Антовски, Тодор Тодороски, Филип Стојчевски и Бојан Колевски) се повикани за репрезентацијата до 19 години за квалификациски турнир. . Бројката на играчи кои ќе играат за националните тимови ќе биде вкупно 13.